Голем интерес за трите јавни повици од мерката за
Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на
пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.
Информативни денови за презентација на оваа мерка и
Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде
заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката
на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно
технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа
деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување
со грант“.
За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени
1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043
лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на
минатата година.
Мерката „Самовработување – Претприемништво“ е поделена
на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до
7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.
Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства. Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.