Радовиш

Градоначалникот Почивалец на завршен настан на Генерација 2017-2026 во ООУ „Никола Карев“ Радовиш

Радовиш, 29 јуни 2026 Градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец, денеска присуствуваше на завршен настан во ООУ „Никола Карев“ по повод завршувањето на учебната година и испраќањето на генерацијата 2017–2026. Настанот беше исполнет со емоции и гордост, бидејќи учениците ја завршија својата деветгодишна образовна патека.

Во рамките на свеченоста беа доделени признанија и награди на најуспешните ученици, како признание за нивната посветеност, одлични резултати и примерното однесување. Градоначалникот им честиташе на учениците за постигнатите успеси и им посака многу среќа и успех на нивниот понатамошен образовен и животен пат.

„Денес не славиме само крај на едно поглавје, туку и трудот, знаењето, истрајноста и пријателствата што учениците ги градеа во изминатите девет години,“ истакна Почивалец, упатувајќи искрени честитки до наставниците, директорката Анита Митева Цветковски и родителите за нивниот заеднички придонес.

Свеченоста заврши со порака до учениците да продолжат да бидат гордост на своите семејства, училиштето и градот Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago