Македонија

НЗМ со итно барање за интервентна субвенција и заштита на производството на пченица и јачменот

Националната земјоделска мрежа со итно барање за интервентна субвенција и заштита на производството на пченица и јачменот како стратешки култури за жетва 2026 година

До: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Националната земјоделска мрежа, во име на земјоделските производители од целата држава, поднесува итно ЈАВНО БАРАЊЕ за реакција по повод моменталната состојба со откупот на пченицата и јачменот од жетвата 2026 година.

Врз основа на деталните анализи на производните трошоци изработени од страна на нашите членови, констатираме дека моменталната пазарна откупна цена е драстично пониска од трошоците неопходни за производство на еден килограм пченица и јачмен. Со оглед на зголемените цени на репроматеријалите (ѓубрива, заштитни средства), горивото и работната рака, ваквата состојба директно ги носи земјоделците во загуба и го загрозува опстанокот на нивните стопанства.

Бараме: 1. Итна исплата на основните сувбвенции како и дополнителна премија . Поради нерентабилноста, бараме Владата и МЗШВ да донесат одлука за исплата на дополнителна директна поддршка (интервентна премија) по килограм предадена пченица и јачмен во регистрирани откупни центри, со цел да се покрие разликата до прагот на економска одржливост. 2. Активирање на интервентен откуп Доколку пазарната цена продолжи да стагнира, бараме активирање на механизмите за интервентен откуп преку Агенцијата за стокови резерви, по цена која ќе ги покрие производствените трошоци и ќе овозможи минимален профит за земјоделецот. 3. Бараме итна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 3 работни дена, на која ќе ги презентираме нашите прецизни калкулации на трошоци и ќе преговараме за моделите на интервенција.

Пченицата и јачменот се стратешки култури од национално значење и основа за прехранбената безбедност на државата. Доколку земјоделците не бидат заштитени денес, ризикуваме напуштање на обработливите површини и зголемена зависност од увоз, што на среден рок ќе чини многу повеќе од сегашната субвенција.

Очекуваме итен одговор и конкретни чекори во интерес на македонскиот земјоделец“, велат од НЗМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago