Радовиш

Младите каратисти од Карате клубот „Феникс“ од Радовиш во посета на градоначалникот Почивалец

Младите каратисти од Карате клубот „Феникс“ од Радовиш  кои забележаа одлични резултати на традиционалниот европски кадетско-детски карате турнир „Лорд Куп“, денеска беа во посета на градоначалникот Љупче Почивалец.

Почивалец им честита на младите спортисти и на нивните тренери и родители.

Во изминатиот период тие забележаа одлични резултати на традиционалниот европски кадетско-детски карате турнир „Лорд Куп“, а со голем успех го реализираа и последното полагање за појаси. Со својот труд, дисциплина и спортски дух покажаа значителен напредок и заслужено се стекнаа со повисоки карате звања.

„Им честитав за постигнатите резултати и им посакав уште многу успеси, медали и спортски достигнувања во иднина. Тие се вистински амбасадори на Радовиш и гордост за нашата општина.

Искрени честитки до сите каратисти, до нивните тренери за посветената работа и до родителите за безрезервната поддршка што им ја даваат на овие млади спортисти.

Продолжете да работите посветено и да нѐ правите горди!“ вели градоначалникот Почивалец.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago