Македонија

Мицкоски: Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз

Од скромен семеен бизнис, до регионален кондиторски гигант – компанијата „Макпрогрес“ од Радовиш со својот препознатлив бренд „Винчини“ останува еден од главните столбови на домашното стопанство. Со годишен промет од над 40 милиони евра и дури 80 проценти од производството наменето за извоз, овој бренд успешно ја освојува меѓународната сцена.

При посетата на компанијата, од владината делегација упатија силна поддршка за менаџерскиот тим и за сите 670 вработени, најавувајќи државна помош во реализацијата на нивните амбициозни цели во следните пет години.

Во продолжение изјавата на премиерот Христијан Мицкоски:

,,Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис „Винчини“, односно „Макрпогрес“ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. 

Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија. 

Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз.

Што значи дека „Макпрогрес“, дали директно преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, произведува веќе и 80 проценти од своето производство го дава за извоз.       

Така што, јас уште еднаш би сакал да му честитам на директорот, на сопственикот, на сите вработени практично коишто придонесуваат, ако не се лажам, 670 вработени.

Ги слушнавме амбициите, целите и ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме, да бидеме додадена вредност во делот на реализирање на тие амбиции, цели за следниве 5 години.“ 

Уште еднаш честитки и нека ни се множат вакви инвестиции во Македонија.

Ви благодарам.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago