Македонија

„ИЗНЕНАДЕНИОТ“ ГУВЕРНЕР СЛАВЕСКИ ДА ЗАСТАНЕ ВО ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД БАНКАРСКАТА АЛЧНОСТ

-Изјавата на гувернерот Трајко Славески за загриженост од најавата за зголемување на надоместоците во платниот промет претставува задоцнето признание на еден подлабок проблем, што со години се игнорира. Банкарскиот сектор се претвори во олигопол што остварува рекордни профити на грбот на граѓаните и стопанството, реагира политичката партија Левица.

„Кога банките бележат историски високи добивки, кога каматните маржи се меѓу највисоките во регионот, а истовремено се зголемуваат и провизиите за основни платежни услуги тогаш не станува збор за пазарна логика туку за злоупотреба на доминантната позиција на финансискиот сектор“, додаваат од партијата.

Левица заклучува дека фактот што повеќе банки речиси истовремено ги зголемуваат надоместоците отвора сериозни сомнежи за координирано однесување.

„Доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата не реагира навремено се испраќа порака дека профитот на неколку финансиски институции е поважен од интересот на граѓаните.

Банкарскиот сектор постои за да ја сервисира економијата, а не економијата да биде заложник на профитните апетити на банките. Во услови кога животниот стандард е под постојан притисок, секое дополнително зголемување на банкарските трошоци претставува уште еден удар врз семејните буџети и врз трошоците на домашните компании.

Особено е симптоматично што гувернерот дури сега ја отвора дебатата за регулирање на надоместоците“, стои во реакцијата од партијата од каде додаваат дека Левица со години предупредува дека платежниот промет не е прашање на избор туку основна услуга неопходна за секој граѓанин, работник, пензионер и компанија.

„Не е доволно само да се повикаат банките да ги преиспитаат своите одлуки. Потребни се конкретни мерки како законско ограничување на провизиите за основните платежни услуги, воведување пакет на бесплатни или симболично наплатливи услуги за граѓаните и засилен надзор врз можните картелски договори во банкарскиот сектор.

#Левица бара воведување на јасна регулатива за работата на банкарскиот сектор. Вака граѓаните се оставени на (не)милост на банките, државата е без можност да интервенира во насока на заштита на обичниот човек, што овозможува апсолутна надмоќ на група луѓе врз целиот економски систем, чиј товар го носат граѓаните и пред се работниците“, соопштуваат од партијата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago