Македонија

Дурмиши: Над 40 милиони евра за нови работни места, претприемништво и обуки

Владата го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, со кој се обезбедуваат над 2,4 милијарди денари, односно повеќе од 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, претприемништвото и развојот на човечкиот капитал.
 
На денешната прес-конференција, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Аднан Ејуп, ги презентираа мерките и програмите предвидени со Планот, кој годинава ќе опфати повеќе од 10.000 граѓани.
 
Министерот Дурмиши истакна дека Оперативниот план претставува една од најзначајните економски и социјални политики на Владата, насочена кон отворање нови работни места, поддршка на младите, развој на претприемништвото и обезбедување поголема вклученост на ранливите категории граѓани на пазарот на трудот.
 
„Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, за компаниите кои отвораат нови работни места, за лицата кои имаат потреба од нови вештини и квалификации, како и за ранливите категории граѓани. Нашата цел е економскиот раст да се преточи во нови можности за работа и подобар животен стандард“, истакна министерот Дурмиши.
 
Посебен акцент во Оперативниот план е ставен на развојот на претприемништвото и самовработувањето. За оваа намена предвидена е поддршка за над 2.000 лица преку мерките за самовработување, вклучително и за млади лица до 29 години, лица над 29 години и здружување на корисници во трговски друштва. Преку овие мерки се обезбедуваат грантови до 615.000 денари за основање сопствен бизнис, како и поддршка до 1.230.000 денари за здружување на повеќе корисници во заеднички бизнис. Со овие средства Владата директно инвестира во отворање нови компании, поттикнување на претприемачкиот дух и создавање нови работни места, особено кај младите луѓе, како и средства за практикантство, обуки за дефицитарни занимања, јавни работи, економија на грижа и младински додаток.
 
Годинава се воведуваат и нови мерки, меѓу кои програмата за обука и работно ангажирање на пожарникари, пилот-мерка за валидација на стручни квалификации на невработени лица, како и пилот-мерка за стручни квалификации во областа на транспортот и тешките товарни возила, согласно потребите на пазарот на трудот.
 
Носител на Оперативниот план е Министерството за економија и труд, а неговата имплементација ќе ја спроведува Агенцијата за вработување на Република Македонија во соработка со надлежните институции и партнери.
 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago