Македонија

Светите Кирил и Методиј се едни од најважните личности во словенската, а со тоа и во македонската историја

Светите Кирил и Методиј се едни од најважните личности во словенската, а со тоа и во македонската, но и во европската историја. Нивното дело е револуција во дотогашната светска мисла дека христијанството може да се проповеда само на три јазици – еврејскиот, грчкиот и латинскиот.
Тие успеваат со своите мисии да го внесат словенскиот јазик, создавајќи ја глаголицата како писмо засновано на говорите од тогашното население од околината на Солун.

Свети Кирил и Методиј (старословенски: ) — македонски браќа од Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Велика Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените.

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описменило словенските народи.

Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880 г., Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980 г., Јован Павле II ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

По повод Денот на словенските просветители, кој се чествува секој 24 мај, се потсетуваме на важните придобивки од делото на словенските рамноапостоли, светите Кирил и Методиј.


Најзначајната мисија за браќата е Моравската мисија, за која специјално ја создале глаголицата, посебна азбука според јазикот што го зборувале Словените, составена од 38 букви. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија.
Нивната дејност наишла на силен отпор од германските свештеници, кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глаголското писмо.
Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до папата Никола Први, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со папата.
За делото и големината на браќата Константин и Методиј дознал и кнезот Коцел од Панонија (Панонска мисија), кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата. Константин и Методиј останале во Панонија 6 месеци и во тој период ги ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население.
Оттаму преку Венеција отпатувале за Рим.
Во Рим браќата биле примени од папата Адријан Втори. Нему му ги предале моштите од папата Климент Први. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на христијанството и поради честа што му ја направиле на починатиот папа Климент, Адријан Втори го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago