Македонија

МВР и А1 Македонија со национална кампања за одговорно користење на технологијата во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи и А1 Македонија денеска официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест за ризиците од користење мобилен телефон и дигитална дистракција во сообраќајот.

Кампањата има за цел да поттикне поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, испраќајќи јасна порака дека ниту еден телефонски повик или нотификација не вреди повеќе од човечкиот живот.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и дека ваквите иницијативи имаат особено значење во подигнувањето на јавната свест.

„Една секунда невнимание може да има трајни последици, па затоа е важно континуирано да потсетуваме дека секој од нас носи одговорност кога учествува во сообраќајот. Кампањи како оваа придонесуваат пораката да стигне до што поголем број граѓани, да поттикнат поголема свесност и промена на навиките, но и да покажат дека партнерството помеѓу институциите и приватниот сектор може да создаде силен општествен импакт“, истакна министерот Тошковски.

Во центарот на кампањата беше телефон што ѕвони без одговор – симбол на повик што никогаш нема да биде возвратен. Со пораката „Јави се и слушни“, иницијативата во изминатите денови предизвика силни реакции кај јавноста и отвори простор за разговор за последиците од невниманието во сообраќајот.

За само неколку денови, телефонскиот број од кампањата бил повикан повеќе од 20 илјади пати, а пораката предизвикала илјадници реакции, споделувања и коментари на социјалните мрежи и во медиумите.Главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, истакна дека компанијата преку оваа иницијатива сака да поттикне реална промена во однесувањето и поголема свесност за важноста на вниманието во сообраќајот.

Од МВР и А1 Македонија посочија дека кампањата „Одговорно со технологијата, за побезбеден сообраќај“ ќе продолжи и во наредниот период преку повеќе активности и комуникациски канали, со цел поттикнување поголема безбедност и одговорност кај сите учесници во сообраќајот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago