Наскоро МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија, модерeн шопинг парк со голем избор на брендови, забава и услуги на едно место
Македонија добива нов регионален центар за купување и забава кој ветува целосна трансформација на јужниот дел од земјата.
Наскоро во Гевгелија МЕГА Шопинг Парк ќе ги отвори своите врати за граѓаните, модерeншопингпарксоголемизборнабрендови, забаваиуслугинаедноместо. По тој повод беше органзирин ексклузивен медиа бранч, каде што премиерно беше откриена спектакуларна музичка
програма за големото четиридневно отворање на МЕГА Шопинг Парк.
Овој информативен брифинг започна со теренска обиколка низ самиот
објект. Генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис пред медиумите за првпат одблизу го претстави проектот стратешка
инвестиција од 20.000 м² и носи повеќе од 50 светски и домашни брендови на едно
место.
На 28 мај, со грандиозно четиридневно отворање, започнува со работа МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. Отворањето на МЕГА Шопинг Парк ќе биде одбележано со музички спектакл каков што досега не е виден во овој дел од државата.
Главната сцена ќе ја предводи неповторливата балканска
ѕвезда Северина, чиј настап се очекува да ја разгори атмосферата на
највисоко ниво. Покрај неа, гевгелискиот пулс ќе се засили со евровизиската
сензација Иви Адаму, како и со виртуозот кој испиша историја на
глобалните подиуми, маестралниот Кирил Џајковски. Музичката револуција ќе
биде заокружена со настапите на најмоќните имиња на македонската сцена,
вклучувајќи ги поп дивата Тамара Тодевска, фасцинантниот Никифор,
миленикот на младите генерации Пајак и незаменливиот Слаткаристика.
Музичката програма ќе биде дополнително збогатена и со настапи на голем број
локални изведувачи, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера прилагодена на
вкусот на сите возрасти.
„Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде“, изјави генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис, посочувајќи дека Гевгелија преку овој проект престанува да биде само транзитна точка на патот кон Грција.
Според Јанакудакис, суштината на овој потфат е во
концептот „Total Experience“, кој покрај силната понуда на мода, спорт и
електроника, воведува и услуги што му недостасуваа на овој регион, како
современ медицински центар, голем салон за мебел и најголемата станица за
полнење електрични возила во државата.
„За да го постигнеме тоа, се фокусиравме на концептот „Total Experience“, преку кој на едно место обединивме околу 50 светски и домашни брендови. Но, сакавме да понудиме многу повеќе од само вообичаено пазарење. Затоа, покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведуваме услуги што навистина му недостасуваа на овој дел од земјата, од современ медицински и козметички центар, па сè до еден од најголемите салони за мебел. Дополнително, овде ќе биде стационирана и најголемата станица за полнење електрични возила во државата. Посебно внимание посветивме на семејствата, па затоа целиот парк е осмислен како место каде што ќе можат квалитетно да го поминат целиот ден, уживајќи во специфичните гастрономски концепти и најмодерната детска зона дизајнирана за забава на најмладите. Сепак, она што за мене ја дава вистинската вредност на овој проект не се само брендовите, туку новиот импулс што го носиме во заедницата. Со отворањето на МЕГА Шопинг Парк, Гевгелија добива над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка многу брзо да надмине 800. Ова е можност за стотици млади луѓе од овој крај својата кариера и својата иднина да почнат да ги градат токму тука, во својот роден град“ истакна Јанакудакис.
Како дел од модерното искуство за посетителите, МЕГА
Шопинг Парк ја лансира и својата мобилна апликација, која ќе функционира како
примарна платформа за лојалност. Преку неа, корисниците ќе можат да собираат
поени за награди, да користат интерактивна мапа за ориентација низ објектот и
да добиваат редовни известувања за претстојните настани и ексклузивни промоции.
Покрај официјалното отворање и музичката програма,
четиридневниот спектакл ќе понуди и наменски креативни зони со забавни
активности за најмладите, со што се заокружува визијата на МЕГА Шопинг Парк
како дестинација за квалитетно поминато време за целото семејство.