Струмица

Кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари


СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.  
Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и непризнаени расходи постапиле спротивно на законски одредби, при што во 2022 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 357.288 денари, во 2023 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 355.371 денари, во 2024 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, и ДД на вкупен износ од 760.763 денари и во 2025 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 247.080 денари.
Со таквите дејствија, пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од  1.720.502 денари.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago