Македонија

35 години од загинувањето на Сашко Гешовски – политиката на омраза и поделби повторно нè води кон пропаст

Денес се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во конфликтот што го доведе до распадот на Југославија.

Политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби тогаш целата земја ја втурнаа во крв и во трагедија.

Само со мудрите политики на Киро Глигоров Македонија се избори за независноста по мирен пат.

Теориите на Милошевиќ за „домашни предавници“, „странски платеници“ и „Србија нема да се наведувва “ од една страна, и националистичките политики од другата, доведоа до војна и пропаст.

Денес, Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја повторуваат истата опасна формула.

Тој систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации.

Секој кој не се согласува со него е „предавник“, „мекотел“, „коленичи“, „талог на општеството“ или „мочуриште“.

Истата реторика на омраза и поделби која нè доведе до трагедија пред 35 години, денес повторно се користи за да се заштити криминалната организација ВМРО-ОКГ и да се блокира европскиот пат на Македонија.

Ние имаме избор:

Дали ќе дозволиме Мицкоски и неговата организирана криминална група да нè вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери?

Или ќе одиме напред – кон светла европска иднина, во демократска заедница каде владее право, каде се гради просперитет за сите граѓани и каде Македонија станува полноправен дел од европското семејство?

СДСМ јасно и недвосмислено стои на страната на мирот, единството и европската иднина.

Сите заедно за подобра иднина!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago