Радовиш

СОУ Коста Сусинов во Радовиш со повеќе активности го одбележа својот патронен празник

СОУ Коста Сусинов во Радовиш со повеќе активности го одбележа својот патронен празник. Денеска беше положени свежо цвеќе на спомен обележјето на Коста Сусинов од повеќе делегации и со едноминутно молчење му беше оддадена почит на револуционерот.

 Цвеќе положија делегација од Сојузот на борците, делегација од Здружение на пензионери, претставници од семејството Сусинови, претставници од Рудникот Бучим и претставници од училиштето Коста Сусинов.

На најдобрите ученици од прва до трета година им беа доделни дипломи или признанија за номинација на ученици кои постигнале најдобри успеси .

Синоќа во аулата на радовишката гимназија се одржа свечена академија по повод патрониот празник, со културно-уметничка програма  подготвена од учениците. Присутните ги поздрави директорот на училиштето Mиле Арсов, а свое обраќање имаше и општинскиот секретар Спасија Ефнушева како претставник од Општината.

Академијата ја истакна важноста на училиштето во образовниот и културниот живот на градот и претставуваше можност учениците да се претстават со своите таленти и способности како во делот на музиката така и во театарските претстави.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago