Македонија

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке, мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат, известуваат од опозициската партија СДСМ.


„Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници.
Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон. 
Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните.
Не може да се зборува само за економска корист која не е сигуна.  А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации.
Ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници.
За вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки. 
Бараме јавни расправи со реално влијание, локален референдум и вклучување на стручната и локалната јавност. Затоа што ова не е техничко прашање туку прашање за здравје и за иднина.
Затоа мора да бидат исполнети неколку клучни услови:
1.Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта. Без тоа не може да инсистира на отворање нови рудници.
2.Целосна транспарентност пред граѓаните. Сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени“, стои во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека граѓаните имаат право да знаат дали има скриени профити, како и детални информации за фирмите кои стојат зад ова .
„3.Системот мора да биде затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух.
4.Финансиска гаранција однапред обезбедена од инвеститорот за санација на евентуални штети.
5.Независен мониторинг со јавни податоци достапни во реално време.
6.Директен локален бенефит за општината и за граѓаните.
7.Континуирана здравствена заштита и следење на населението финансирани од инвеститорот.
Доколку овие услови не се исполнат, тогаш подобро е да нема рудник“, наведуваат од СДСМ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago