Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, е училиште каде практичната настава прераснува во вистинска лабораторија на знаење и успех — доказ за тоа е одгледувањето печурки буковка.
-Овој резултат не е случаен, туку плод на посветената работа, љубопитноста и истрајноста на учениците, под менторство на наставниот кадар. Овој успех јасно покажува дека практичната настава не е само дополнување, туку двигател на вистинското учење и патоказ кон професионалното усовршување, соопштуваат од училиштето.
Преку реални активности и директна примена на современи, иновативни и одржливи земјоделски практики, учениците стекнуваат применливи вештини, развиваат претприемачки дух и се подготвуваат да одговорат на предизвиците на современиот пазар на труд.
Активноста е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а реализиран од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD – Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.
-Ние не зборуваме за иднината — ние ја создаваме! Со секој нов проект, со секоја нова идеја, градиме генерации што размислуваат одржливо, дејствуваат иновативно и ја движат економијата напред, е паролата на училиштето.