Струмица

В сабота во Струмица Света Литија со иконата на Богородица Брзопослушничка

В сабота, 18 април 2026 година, по деветти пат ќе биде изнесена светата икона со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка на улиците низ Струмица.Празнувањето ќе почне во петок со свечена вечерна богослужба. Во сабота, по Светата Божествена Литургија која ќе почне во 8.30 часот во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, свештената литија во 10 часот ќе се упати кон храмот на Свети Кирил и Методиј, а оттаму до плоштадот Гоце Делчев во Струмица. Таму ќе биде отслужен Молебен, по што иконата заедно со свештената поворка ќе дојде до храмот на Свети Димитриј и Свети Григориј Палама, каде што наредните десетина дена верниците ќе можат да ѝ оддадат почит.

Скоро цела деценија, иконата на Богородица Брзопослушничка претставува место на утеха за илјадници верници од Македонија и поширокиот регион, кои преку целата година, поединечно или организирано, доаѓаат да се поклонат пред неа.Пред девет години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

Струмичката православна епархија ги поканува сите верни да дојдат во градот на славните Тивериополски свештеномаченици и заедно да го споделат ова духовно ликување, заради благодатното присуство на Богомајката, Која преку Својата чудотворна икона „Брзопослушничка” ја посети Струмица и изобилно го излеа Својот благослов врз нашата земја.

СВЕШТЕНА ЛИТИЈА СО ИКОНАТА НА БОГОРОДИЦА БРЗОПОСЛУШНИЧКА

САБОТА 18.04.2026

8:30 часот, Светата Божествена Литургија во манасстирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

10:00 часот почеток на Свештената Литија кон храмот на Свети Кирил и Методиј до плоштадот Гоце Делчев во Струмица.

Молебен пред иконата на Богородица Брзопослушница, свештената поворка ќе дојде до храмот на Свети Димитриј и Свети Григориј Палама.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago