Македонија

Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во посета на Струга.


,,Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните.
Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана се разбира во рамките на нашите можности и ресурси тоа што можеме да го направиме го правиме исклучиво и за интересот на граѓаните.

Јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, ќе го повторам и сега, чуда не се возможни, сите оние коишто ветуваат чуда не ја говорат вистината ние не сме чудотворци, но ќе дадеме се од себе во спортски жаргон да се изразам, ќе го оставиме срцето на терен за да граѓаните добијат поквалитетен живот и да го подобриме нивниот живот, тоа е нашата инспирација и затоа сме посветени максимално.
Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, коишто дел од своето менаџерско искуство го пренесува во својата работа овдека во Општина Струга, да се заблагодарам на колегите од Владата што се денеска тука со мене, да се заблагодарам на пратениците коишто доаѓаат од Струга кои се борат за проект повеќе овдека за Струга и генерално за охридското крајбрежје.


Јас сум убеден дека со политиките на Владата, Струга е препознаена и Струга ќе биде еден од нашите главни приоритети во годините коишто доаѓаат.
Благодарам на сите коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, благодарност на администрацијата којашто помага сето ова да се операционализира, функционира и благодарност најголема до граѓаните на Струга коишто имаат трпение и коишто веруваат дека оваа Влада може да направи нешто повеќе за нив и нивните семејства, а ние како Влада даваме збор дека ќе сториме се што е во наша моќ да го испорачаме сето она коешто сме го ветувале и нема да застанеме тука, ќе се обидеме и проект повеќе да испорачаме, да го подобриме проектот повеќе на животот на граѓаните на Општина Струга.“

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago