Струмица

Општина Струмица доби нов современ зелен парк, со финансиска поддршка од Европската унија

Од вчера и официјално е отворен новиот современ парк на површина од 12.712 квадратни метри на просторот на поранешната касарна, во близина на детската градинка „Виножито“ финансиран од Европската унија во вредност од 390.000 евра.

Свечено и весело беше во паркот, каде главни беа најмладите талентирани струмичанчиња, а нивните музички и сценски настапи ги следеа градоначалникот Петар Јанков со соработниците, проектните партнери, претставници на институции и бизнис секторот, граѓани и љубители на зелените површини.

Овој парк е уште една потврда дека европските вредности, одржливиот развој и грижата за животната средина се главен приоритет на општина Струмица, рече градоначалникот Јанков во своето обраќање и додаде:

-Со инвестиција од 390.000 евра создаден е парк на површина од 12.712 квадратни метри со 1.628 метри пешачки патеки од природен травертин, богати тревни површини, централна декоративна жардинерија и внимателно избран хортикултурен концепт. На овој простор се засадени 460 украсни и автохтони дрвја и растенија. Секое едно дрво засадено овде е симбол на нашата одговорност кон идните генерации. Паркот е опремен со енергетски ефикасен ЛЕД осветлување како и соларен фотонапонски систем, што значи овој простор не е само убав, туку и пример за современо, одржливо и еколошко урбано планирање, рече градоначалникот Јанков.

Паркот е реализиран во рамките на проектот „Зелен пулс“ во прекуграничниот регион финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago