Македонија

„Стандард и Пурс“ го потврдија рејтингот ББ- со стабилен изглед: фискалната политика на државата е насочена кон постепена консолидација и поддршка на економскиот раст

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед, согласно најновиот извештај објавен денеска.

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во 2026 година се проектира на околу 3,4%, поддржан од силната домашна побарувачка, континуирано високото ниво на јавни инвестиции, особено во клучни инфраструктурни проекти.

Агенцијата оценува дека ваквите инвестиции, заедно со растот на платите и пензиите, ќе продолжат да ја поддржуваат економската активност.
На среден рок, се очекува стабилизирање на економскиот раст на ниво нешто над 3%, со потенцијал за дополнително зајакнување преку приватни инвестиции и постепено закрепнување на надворешната побарувачка.

Истовремено, во извештајот се посочуваат и одредени ризици, пред сè поврзани со геополитичките случувања, особено конфликтот на Блискиот Исток, кој може да влијае врз инфлацијата, цените на енергијата и економските текови кај главните трговски партнери на земјата.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ оценува дека фискалната политика на државата е насочена кон постепена консолидација, при истовремено задржување на силна поддршка за економскиот раст преку инвестиции и поддршка на животниот стандард.
Буџетскиот дефицит се очекува постепено да се намалува во наредниот период, додека јавниот долг останува на контролирано и одржливо ниво на среден рок, во функција на развојните приоритети на економијата.

Во однос на структурните политики, се нагласува дека процесот на европска интеграција останува клучен двигател на реформите, и покрај тековните предизвици поврзани со пристапниот процес.

Воедно, се препознаваат напорите на Владата за унапредување на институционалните капацитети, зајакнување на владеењето на правото и спроведување антикорупциски мерки.

Кредитниот рејтинг претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари, бидејќи го одразува нивото на ризик и довербата во економските политики на државата.

Министерството ќе продолжи со спроведување на политики насочени кон одржување на макроекономската стабилност, постепена фискална консолидација, поддршка на инвестициите и унапредување на економскиот раст, со цел обезбедување повисок животен стандард за граѓаните.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago