Светски ден за подигање на свеста за аутизмот 2 Април
Секоја година на 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. Генералното собрание на Обединетите нации во 2007 година го воспостави овој ден, поттикнувајќи акции за подигање на општата свест за состојбите од спектарот на аутизам. Аутизмот не е болест, туку состојба при која луѓето кои живеат со него имаат поинаков начин на интерпретација на зборовите, боите, формите и звуците на светот околу нас. Причините се непознати, иако се верува дека постои генетски фактор поврзан со еколошка компонента. Со персонализиран и специјализиран терапевтски третман, можно е да се зголеми квалитетот на живот на лицата засегнати од аутизам. Според Светската здравствена организација (СЗО), едно од 160 деца ја има оваа состојба и инциденцата се зголемува за 17% годишно во светски рамки. Секоја година се повеќе деца се дијагностицирани со аутизам, а бројката ја надминува онаа на СИДА, рак и дијабетес заедно. Препознатлив симбол за аутизмот е парче сложувалка во сина боја. Бојата го претставува спокојството што им е потребно на семејствата и на луѓето со аутизам за да живеат со таа состојба, а делот од сложувалката означува дека лицето со аутизам не се изолира себеси затоа што тоа го сака и му треба поддршка од другите.
Светскиот
ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на
една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот
народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други, вели
премиерот Христијан Мицкоски во својата објава на социјалните мрежи по повод
овој ден.
Лицата со
аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши
соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест.
Како Влада, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност, стои во објавата од премиерот. Тој додава: Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи