Балкан

ЗНАЧАЈНА ДОНАЦИЈА НА КНИГИ ОД УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА ОД СКОПЈЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ

По завршувањето на Саемот во Лајпциг, делегацијата од македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје , предводена од директорот Јовица Никчевски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, каде оствари работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во рамките на средбата македонската Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Скопје на македонскиот КИЦ во Загреб му подари значајна донација од 100-тина наслови од сопствената издавачка дејност, потоа дел од актуелната македонската издавачка продукција финансирана од Министерството за култура и туризам преку т.н задолжителен примерок, како и антологии на македонски и германски јазик.Средбата беше пријатна и конструктивна, со разговори насочени кон унапредување на културната соработка меѓу двете земји.

Посетата беше поттик за идни иницијативи и партнерства кои ќе придонесат за афирмација и промоција на македонската култура надвор од границите на државата како и кон уште поголемо вмрежување и зајакнување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Конкретно беше разговарано за репрезентативна изложба на македонската Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Скопје во македонскиот КИЦ во Загреб која треба да биде реализирана следната година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago