Македонија

Тошковски до младите: „Животот нема рестарт – оружјето не е игра“ – национална кампања против злоупотреба на мало и лесно оружје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација.Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и меѓународни партнери.

Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека младите се најголемото богатство на општеството и дека токму преку вакви активности се гради свеста за одговорно однесување и безбедност.„Оваа кампања е порака до младите дека животот не е игра и дека секоја постапка носи последици. Токму затоа ја испраќаме јасната порака – ‘Животот нема рестарт. Оружјето не е игра!’. Доволен е еден момент на невнимание за да се предизвикаат последици што траат цел живот, не само за поединецот, туку и за неговото семејство и заедницата“, истакна министерот Тошковски.Тој потенцираше дека превенцијата е клучна и дека справувањето со злоупотребата на оружје и насилството кај младите е заедничка одговорност на сите – институциите, училиштата, родителите и локалните заедници.

Кампањата ќе се реализира во повеќе градови низ државата, преку посети на училишта и интерактивни активности, со цел директна комуникација со младите и подигнување на нивната свест за ризиците.

Во рамки на настанот беа одржани презентации за законските одредби, беа споделени студии на случај и едукативни материјали, а учениците имаа можност да учествуваат и во интерактивен дигитален квиз. На крајот беше реализирана и показна вежба на Единицата за службени кучиња.Министерството за внатрешни работи останува цврсто посветено на превенцијата и заштитата на младите, преку континуирана соработка со сите релевантни чинители во општеството, со цел градење побезбедна и посигурна иднина.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago