Околу 80 млади луѓе од струмичкиот регион и пошироко кампуваа и пошумуваа на планината Огражден
“Кампување
2026” во организација на Здружението на граѓани “МОНГО КАМПИНГ”,
по 4 пат.
Околу 80 млади луѓе од струмичкиот регион и пошироко кампуваа
и пошумуваа на планината
Огражден, на место викано Црвено Поле
После подолг
период пауза Здружението на граѓани “МОНГО КАМПИНГ”
повторно се вратија во природата, да пошумиваат и да чистат во пошироката околина.
„После подолг период пауза од страна на нашето здружение, поради непосакувани причини
како пожари, забрана за движење во планините и грижа да не се случи нешто
несакано, Монго Кампинг повторно се врати на терен. Се организиравме и реализиравме настан на почетокот на
пролетта период кога природата повторно оживува и почнува да се облекува во
своите најубави бои. Иако времето беше малку постудено, тоа не не спречи да
создадеме нешто вистинско. Настанот беше успешно реализиран, со посветеност,
позитивна енергија и силни вибрации, каде се се одвиваше во хармонија. Во
програмата имавме дводневно кампување исполнето со активности и игри како
влечење јаже, скокање во вреќи и други забавни предизвици, за кои имаше и награди.
Во ноќниот дел, уживавме во филм на платно под отворено небо, свиревме гитара
покрај логорскиот оган и се дружевме сите заедно како едно. Кампувавме на
археолошкиот локалитет Црвено Поле (1200 м.н.в.) на планината Огражден“, велат
од здружението Монго
Кампинг.
Целта на
настанот како што наведуваат била и чистење на локалитетот и пошироката околина, пошумување и засадување на зимзелени
дрвца искачување на врвот Огражденец (1746 м.н.в.)
На настанот им се приклучија и стручни лица од ПШС
„Беласица“ – Струмица при ЈП „Македонски Шуми“, како и заменик
генералниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, кои донесоа дополнителни садници и
активно помогнаа во пошумувањето.
“Кампување 2026” во организација на Здружението на граѓани “МОНГО КАМПИНГ”, се организира по 4 пат.