Македонија

Tри лица лишени од слобода за семејно нследство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие, овие податоци покажуваат дека жените се повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство.

На 21.03.2026 во 10:20 часот во Полициската станица Гевгелија 31-годишна жителка на гевгелиско село пријави дека околу 01:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 33- годишен сопруг, при што и нанел повреди на телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.03.2026 во 22:30 часот во Полициската станица Струмица 37-годишна жителка на струмичко село пријави дека околу 20:00 часот во Струмица била физички нападната од нејзиниот 38-годишен сопруг. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.03.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, а и се заканувал и на 26-годишната ќерка. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,20 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.03.2026 во 13:05 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна партнерка дека околу 07:00 часот во нејзиниот дом во Скопје, физички ја нападнал и и упатувал закани по животот.

На 22.03. во 03:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека околу 23:30 часот во семејниот дом во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг А.К..

На 21.03.2026 во 15:00 часот исто во СВР Скопје 48-годишна жена пријавила дека на 23.02.2026 околу 11:30 часот во семејната куќа во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг В.З.(51), кој при тоа и ја фрлил по скалите од вториот кон првиот кат на куќата. Нa жената и била укажана медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга, дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Пред само два дена уште шест лица биле лишени од слобода за семејно насилство, од кои едно од Струмица и едно од Валандовско.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago