Македонија

Лишени од слобода девет возачи, седум од нив за возење без возачка дозвола, двајца од Струмица

Лишени од слобода девет возачи и извршен службен разговор со еден родител за безобѕирно управување возило, од нив седум се за возење без возачка дозвола.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи и извршија службен разговор со еден родител за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и еден затоа што управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија.

Четири лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гостивар, Кавадарци и Велес(малолетник). Двајца возачи во Струмица возеле под дејство на алкохол, а еден во Ресен за управување возило со активна забрана.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago