Македонија

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Кочани денеска одбележува една година од трагичниот пожар во дискотеката Пулс, кога градот загуби 63 млади лица свои сограѓани идни лекари, инжињери, професори, работници, мајќи, родители. 63 семејства и нивните роднини се завиткаа во црно. Животот за момент застана за Кочани и се уште не може да продожи нормално да тече. Можеби и никогаш повеќе нема да биде нормално, па сеќавањето и тагата ќе бидат нормалното за граѓаните на овој град.    

Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани се одбележува  годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Тишина, празнина, само неми погледи и насолзени очи, река од народ денеска во Кочани, се запишуваат во книгата на жалост, оставајќи пораки. Да им одадат почит на прерано загинатите ангели

Шеесет и три бели столчиња, наредени во тишина на отворено и една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.

Празните столчиња поставени во нивна чест го симболизираат празното место што го оставија зад себе, потсетувајќи на прерано згаснатите животи и длабоката, неизлечива болка на нивните семејства

Ако не се случеше онаа кобна коќ, ако младите деца би биле живи, овие 63 столчиња би биле зафатени, а не празни.

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, се случи на 16 март минатата година во кој згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Настанот, организиран од Општина Кочани и од родителите на загинатите, почна во 8.45 часот и претставува дел од централната програма за одбележување на годишнината од трагедијата.

На годишнината од трагедијата празните столчиња потсетуваат на животите што се изгубија, додека обединетата поддршка од локалните заедници и младинските организации, како „Сапорт Кочани“, испраќа порака на солидарност и надеж.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, се запиша во книгата на жалоста за починатите во трагичниот пожар и им одаде почите на младите лица кои неповратно заминаа и оставија голема празнина во семејствата, во Кочани и во државата воопшто.

Премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Кочани и им одаде почит на прерано загинатите млади лица, кобната вечер во дискотеката ПУЛС во Кочани. „дискотека“ која остави без пулс 63 млади лица и 200 беа повредени, кои сеуште ги чувствуваат последиците. Мицкоски се запиша во книгата на жалоста.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и претседателот на Левица Димитар Апасиев, исто така беа во Кочани да им одадат почит на младите лица кои една година не со своите семејства и со своите сограѓани, Почит одадода и многу друѓи граѓани, политичари, јавни личности,  функционери.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago