Македонија

Владата со предлог до Собранието за избор на Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

Владата го разгледа мислењето на Советот на Јавното обвинителство во однос на постапката за избор на нов државен јавен обвинител и по сеопфатна, аргументирана и конструктивна дискусија, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за избор на Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител.

Владата се раководеше од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. Ненад Савевски е судија во Кривичниот суд, во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда. 

Во рамки на своја долгогодишна кариера и образовно портфолио, Ненад Савевски e магистер по правни науки област казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со положен Правосуден испит. Неговото професионално искуство е богато, во моментов е судија во Основен кривичен суд Скопје во оддел за организиран криминал и корупција. Бил Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago