Македонија

Владата на донесе одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели кај 6 правни субјекти

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата.

– Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик за јавниот интерес. Секторот за одгледување канабис за медицински цели мора да функционира строго законски, транспарентно, без „сиви зони“, без привилегирани и без заштитени, истакна министерот Алиу.

Тој нагласи дека засилени вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица. Контролите се спроведуваат во соработка со МВР, МАЛМЕД, Инспекторат за земјоделство, ДСЗИ и други надлежни институции.

– Досега се извршени 13 контроли кај лиценцирани правни субјекти, при што кај 6 од нив се утврдени неправилности во постапувањето, согласно законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Поради тоа, Владата на денешната седница донесе одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели кај овие 6 правни субјекти, појасни Алиу.

Инаку, одлуките на Владата за засноваат на наодите од спроведени контроли и со кои се констатирани следните состојби:

-Несоодветно складирање на сув цвет, при што тој бил затекнат отворен, без соодветно запечатување и без складирање во пропишани картонски кутии.

-Недоставени известувања до комисијата за извршено производство, берба и купопродажба на сув цвет

-Недоставена севкупна документација и договори, поврзани со продажба и трансфер на сувиот цвет

-Утврдено несовпаѓање меѓу евидентираните и фактички затекнатите количества на сув цвет во сеф-соба.

-Недоставено известување во рок од три дена за настанати промени, согласно обврските, утврдени со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Дополнително, министерот Алиу порача дека целта на овие вонредни контроли е обезбедување доследна примена на законските прописи, унапредување на надзорот на производството и прометот, како и обезбедување транспарентно и законско функционирање на секторот за производство на канабис за медицински цели.

– Овој процес на контрола на производителите на канабис за медицински цели, откри и низа системски слабости, но и назнаки за интенционални празнини во регулативата, што можат да се користат за злоупотреби. Затоа, по завршувањето на контролите кај сите 43 правни лица и по целосното утврдување на сите аномалии, ќе пристапиме кон подготовка на нова и поцврста законска регулатива за одгледување канабис за медицински цели. Како Влада сме одлучни да не дозволиме било каква идна можност за манипулации и злоупотреби, заклучи Алиу.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago