Радовиш

Постхумно признание Општина Радовиш додели на Душко Чифлиганец, за спортските достигнувања и успеси

Постхумно признание Општина Радовиш додели на Душко Чифлиганец, за спортските достигнувања и успеси на одржаната манифестација Спортист на годината за 2025 година,

Душко Чифлиганец како млад човек со изразен спортски и бизнис дух, потекнуваше од Радовиш и остана длабоко поврзан со својот роден град и негов жител до крајот на својот краток живот. Како успешен бизнисмен и страстен спортист, тој веруваше дека развојот на заедницата мора да оди паралелно – и во спортот и во економијата.

Неговата визија беше Радовиш да се унапредува преку современи спортски услови и здрави животни навики, гледајќи го спортот како алатка за личен и општествен напредок.

За Душко, спортот не беше само натпревар, туку средство за градење карактер. Тој веруваше дека редовниот тренинг создава дисциплина, одговорност и внатрешен ред, кои подоцна се пренесуваат во сите области од животот.

Неговите најзначајни спортски резултати се поврзани со мотоциклизмот, дисциплина во која остави силен и препознатлив печат. Меѓу поважните остварувања се издвојуваат првото место во класата Формула 1000 на Шампионатот на Северна Македонија (2022, Серес, Република Грција), како и второто место на истата патека во 2021 година. На меѓународна сцена, Душко постигна прво место на BMU European Road Racing Championship – WINBET Grand Prix 2022 (Формула 1000), второ место на BMU European Road Racing Championship 2021 и трето место на BMU European Road-Racing Round 2. Неговата спортска зрелост беше потврдена и со победата на Extreme Trackdays – Serres, Superpole 1000 (2024), во силна меѓународна конкуренција.

Покрај мотоциклизмот, Душко беше активен и во други спортови кои значајно го обликуваа неговиот карактер. Во помладите години се посвети на карате, освојувајќи медали на меѓународни и регионални натпревари, меѓу кои International Super ENPI Cup (Суботица, 2002) и South–East European Karate Cup (Белград, 2005). Учествуваше и успешно завршуваше полумаратони на меѓународни маратони во Будимпешта и Скопје, а беше активен и во велосипедизам, планински спортови и рекреативен фудбал. Со години ја градеше својата спортска биографија низ континуирана дисциплина и јасна свест дека физичката подготвеност и менталната стабилност се нераздвојни.

Спортските достигнувања на Душко Чифлиганец се јасно сведоштво за неговиот карактер, доследност и вредносен систем. Спортот за него не беше минлива фаза, туку длабоко вкоренета животна навика.

Радовиш се гордее со вакви спортисти кои го промовираат како град насекаде во светот. И сосема заслужено му ја доделува оваа плакета на младото момче, за кое само небото беше граница на неговиот ентузијазам и желба за поголеми достигнувања на секое поле.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago