Радовиш

Кривична пријава за романски државјанин за сторени кривични дела „измамување на купувачи“ во Радовиш

СВР Струмица поднесе кривична пријава Г.Б.(37) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измамување на купувачи“. На 10.02.2026 и во два наврати на 18.02.2026, пријавениот и неговиот малолетен син, со намера да измамат купувачи на подрачјето на Радовиш, пуштиле во промет производи со ознака на позната марка, кои не одговараат на потеклото или квалитетот на оригиналните производи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 250 евра и златен накит, кој го прифатиле за наплата како замена за пари. На 18.02.2026 пријавениот и неговиот малолетен син, се затекнати во Радовиш со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и при извршен преглед над возилото, биле пронајдени и одземени повеќе различни комплети со ознака на позната марка, а при извршен преглед над нив, се пронајдени и одземени пари и златен накит, кои пријавениот ги земал од измамените лица за наплата на купените производи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago