ЈП„плаваја“ Ве известува дека во наредниот период ќе започне засилена контрола и акција за проверка на приклучоците и корисниците на водоводната и канализационата мрежа.
Се повикуваат сите корисници кои користат вода, а приклучокот сè уште се води на име на починато лице или на лице кое реално не е корисник, во најкус можен рок да дојдат во просториите на ЈП и да ја регулираат состојбата.
Нерегулираните приклучоци претставуваат правна и финансиска неправилност. Нивното постоење е на штета на останатите редовни корисници, бидејќи овој тип на корисници практично ја злоупотребува (краде) водата и сите услуги, а при тоа не плаќа ништо бидејќи носител на сметката е починато лице.
Доколку при контролите се утврди користење на вода без регулиран кориснички однос и без измирување на обврските:
– нема да се врши подигање на смет,- корисникот ќе биде исклучен од водоснабдителниот систем,- ќе биде исклучен од системот за собирање и одведување на урбани и отпадни води,- повторното приклучување ќе се врши со плаќање на приклучни такси согласно важечкиот ценовник,- ќе биде поднесена пријава за злоупотреба на вода согласно законските прописи.
Ги повикуваме граѓаните навремено да ја регулираат својата состојба и да избегнат дополнителни трошоци, санкции и законски последици.