Струмица

122 години од палењето на селото Куклиш, струмичко

-Славниот Куклиш опожаруван и често пати напаѓан, секогаш се исправал гордо пред секој непријател, пред секој предизвик.
Заедно со жителите на Куклиш денеска одбележавме 122 години од палењето на селото, вели градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков.


Старите раскажуваа преданија за трагедијата, кога според историските извори загинале многу луѓе меѓу кои и жена и дете, а 64 куќи од вкупно 105 колку што имало биле изгорени до темел.
Според пишувањата на историчарите во февруари 1904-та година војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски со својата петнаесетчлена чета слегол во Куклиш.
Предаден, против него се упатил башибозук од Струмица. Меѓутоа со помош на жителите на Куклиш, и по целодневна битка, четата успеала да побегне.
Како одмазда за неуспешно завршената работа, бесот на прогонителот завршил трагично по Куклиш.
Вечна им слава на оние кои никогаш не се предале!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago