Македонија

,,Кога лихварството било забрането, кога грѓанинот бил пред се“ – Време е за враќање на правдата: стоп за лихварство и злоупотреби“

Ако државата навистина има намера да го заштити граѓанинот, тогаш не би дозволила тој со години да плаќа огромни камати и енормни трошоци за извршители. Кој ја имаше најголемата полза од тоа? Секако не граѓанинот, туку оние што ја претворија неговата мака во профит. Покрај скапо наплатените услуги од извршителите, денес, на сцена се појавија и таканаречените „брзи кредити“ – доволно е само да се погледне висината на каматите што ги наплаќаат за да се увиди дека повторно се злоупотребува финансиската немоќ на луѓето.

Еве пример од Законот за облигациони односи на СФРЈ (1978) кои се однесуваат на забрана на лихварство и заштита на граѓаните:

Клучни членови

  • Член 12 – Начело на совесност и чесност Страните во облигационите односи се должни да постапуваат совесно и чесно. Ова е основа за спречување на злоупотреба, вклучително и лихварство.
  • Член 141 – Лихварски договори Договорите склучени под услови кои очигледно ја искористуваат тешката положба, сиромаштијата, недоволното искуство или зависноста на една страна, со што се обезбедува прекумерна корист за другата страна, се ништовни.
  • Член 142 – Судска интервенција Судот може да поништи или измени договор ако утврди дека условите се лихварски или неправедни.
  • Член 103 – Ништовност на договори спротивни на принудни прописи Секој договор кој е спротивен на закон или добри обичаи е ништовен. Ова се применува и на лихварски договори.

Контекст

Овие одредби имале цел да ги заштитат граѓаните од прекумерни камати и експлоатација. Во СФРЈ, извршителите биле дел од судскиот систем, што значи дека наплатата на долгови се вршела под судска контрола, а не преку приватни агенции.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago