Радовиш

Корисниците од ДЦ ПОРАКА од Радовиш денеска се дружеа во ресторан, по повод роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов

Корисниците од ДЦ ПОРАКА од Радовиш денеска се дружеа во ресторан, по повод роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов, традиција која трае 18 години и која шири насмевки и љубов.

10 февруари ден кој корисниците од ДЦ Порака од Радовиш никогаш не го забораваат и со нетрпение го очекуваат, веднаш по новогодишните празници, а тоа е роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов, кој секоја година го слави својот роденден заедно со нив со заеднички ручек во ресторан.

И повторно радост, задоволство и насмеани лица, размена на подароци, скромни, рачно изработени, но со љубов и од срце.  Традицијата која трае веќе 18 години продолжува да шири насмевки и радост. Тие му подарија рачно изработена икона на Свети Никола, кој претставува и домашна слава на Николајчо.

-И јас како и овие деца од центарот Порака, со нетрпение го чекам мојот роденден за да го прославиме заедно со заеднички ручек да се дружиме, вели Николов.

Традицијата започна уште кога Николајчо Николов беше заменик генерален директор на Рудникот Бучим. Иако е веќе во пензија, Николов сепак не ги заборава своите пријатели од Порака. Тој и годинава и подари паричка за тие да си купат што сакаат и да се сеќаваат на неговиот родеден. A тие му подарија ајубави пораки испишани од срце, со емоции и љубов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago