Струмица

Инспекциските служби на општина Струмица активно на терен, казни за согорување на отпад и бакар

Од страна на инспекциските служби на општина Струмица, односно од страна на инспекторката за животна средина и, комуналните инспектори изминативе денови во координација со полициски службеници од МВР Струмица од три физички лица одземено е бакар во количина од 31 килограм, додека за еден правен субјект кој управува со отпад поради непоседување на дозвола за истиот покренато е постапка за спогодување пред Комисија формирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дополнително на шест физички лица од страна на комуналните инспектори изречени се прекршочни глоби од 50 евра по одлуката за комунален ред, а на четири физички лица по 250 евра од страна на инспекторката за животна средина согласно Законот за управување со отпадот заради согорување на отпад на отворено.

Преземените мерки се во согласност со важечките законски прописи. Засилените контроли во делот со загадување на воздухот од согорување на отпад и бакар на отворено ќе продолжат и во наредниот период во координација со Министерството за внатрешни работи.

Согласно планот за работа на Секторот за инспекциски работи од страна на општинскиот инспектор за животна средина во тек е вршење на редовни инспекциски надзори над правни субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола.

Градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, од надлежните служби очекува посветена и координирана и навремена работа, дејство во рамките на законот и правилата и можностите. Активна соработка очекува и од граѓаните која пак, се повеќе ја има и којашто е многу важна за да се направат вистински промени и да се добијат посакуваните ефекти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago