Македонија

Гувернерот на Народната банка на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На средбата, гувернерот ги презентираше клучните макроекономски показатели и ја информираше претседателката за тековната макроекономска политика што ја спроведува Народната банка, како и за нејзината улога во одржувањето на ценовната и финансиската стабилност.

Во тој контекст, беа разгледани ефектите од глобалните геостратешки и економски движења врз економијата на нашата земја, со осврт на тековните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.

Претседателката покажа интерес за актуелната економска состојба, при што беа разгледани позитивните трендови, но и потенцијалните ризици и предизвици со кои се соочува домашната економија.

Гувернерот оцени дека економијата е стабилна и бележи солиден раст, но нагласи дека е потребно внимателно следење на ризиците поврзани со увозната зависност, како и со движењата на цените на храната и енергијата.

Соговорниците се согласија дека стручните, компетентни и квалитетни човечки ресурси се клучен предуслов за ефикасното функционирање на Народната банка. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago