Македонија

Македонските превозници денеска ги блокираа деветте гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово

Македонските превозници денеска започнаа протест со блокада на деветте гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово, изразувајќи незадоволство од новиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната.

Протестот се реализира на граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.

Точно на пладне, заедно со колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, превозниците ги паркираа камионите на транспортните терминали на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

Причина за протестот е новиот систем за евиденција на влез и излез (EES), кој предвидува ограничување на престојот на професионалните возачи на максимум 90 дена во рамките на 180 дена годишно. Превозниците предупредуваат дека ова правило ќе создаде сериозни проблеми за меѓународниот транспорт и трговија, со директни последици врз економиите на земјите надвор од ЕУ.

преземено од МВР

Со блокадата, тие бараат итна реакција од надлежните институции и преговори со европските власти за изнаоѓање решение кое ќе овозможи непречено функционирање на транспортниот сектор.

Протестот ќе се манифестира со ограничување на сообраќајот за товарни моторни возила, односно со затворање на коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено на сите гранични премини.

Министерството за внатрешни работи, во согласност со своите законски надлежности, презема соодветни мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир, како и за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај на патничките возила, автобусите и возилата кои превезуваат лекови, жива стока, опасни материи и други приоритетни пратки.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago