Струмица

До „СИСТЕМ 48“ во Струмица, пристигнале вкупно 55 пријави од граѓани од почетокот на Јануари

За 22 дена од оваа година, до операторите на општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „СИСТЕМ 48“ во Струмица, се пристигнати вкупно 55 пријави. Најголем број, односно, 47 од пријавите се за уличното осветлување, 2 за собирање смет и исто толку за водовод и канализација и по една пријава за општински инспекциски служби и паркови и зеленило. Пријавите се доставени до надлежните општински служби, дел се решени, а останатите се во фаза на решавање бидејќи за нив е потребно повеќе време од 48 часа.

Минатата година до овој сервис биле доставени вкупно 1.153 пријави, од кои најголем дел се решени.

„СИСТЕМ 48“ функционира 14 години и се покажа како корисен информациски, интерактивен систем на јавно достапните услуги на општина Струмица, кој предвидува решавање на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа.

Потсетуваме дека на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076/484-848 граѓаните може да пријавуваат проблеми од областа на уличното осветлување, општински инспекциски служби, собирање на смет, водовод и канализација, улици, патишта и тротоари, урбана опрема, паркови и зеленило, кучиња скитници

и сообраќајна сигнализација. По пријавувањето, операторите во „СИСТЕМ 48“ барањето на граѓаните ќе го проследат до надлежните општински служби, а во рок од 48 часа ќе добијат одговор, конечно решение или поведена постапка за решавање на нивното барање.

Градоначалникот Петар Јанков, ги охрабрува граѓаните на општина Струмица помасовно да ги користат услугите на „СИСТЕМ 48“ и да ги пријавуваат проблемите со коишто се соочуваат и ги забележуваат, а општинските служби веднаш ќе пристапат кон нивно решавање. Покрај пријавување на проблеми, овој систем е отворен и за предлози и сугестии со цел подобар живот на сите граѓани во Општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago