„И покрај снежните врнежи, граѓаните на Струмица денеска повторно се соочуваат со слаб квалитет на воздухот. Градоначалникот Петар Јанков во својот кабинет одржа консултации со претставници на МВР, ДПИ, инспектори за земјоделие и општински инспектори. Целта е јасна – прецизно лоцирање на изворите на загадување, санкционирање на прекршувањата и изнаоѓање трајни решенија за почист воздух и подобар квалитет на живот.
,,Денеска и покрај паѓањето на снегот, нашите сограѓани можат да го забележат слабиот квалитет на воздухот. Сите сме жители на овој наш град и заедно ја споделуваме грижата за сопственото здравје и за здравјето на нашите најблиски! Токму затоа, денеска во мојот кабинет на консултации поканив претставници на МВР, ДПИ, инспектори за земјоделие и општински инспектори, со цел отворено да разговараме за состојбата и за конкретните чекори што мора итно да се преземат
Неопходно е прецизно да ги лоцираме изворите на загадување и навремено да ги санкционираме сите прекршувања. Но, уште поважно од тоа е да изнајдеме трајни и одржливи решенија, кои ќе обезбедат почист воздух и подобар квалитет на живот за сите граѓани
Борбата против загадувањето не е еднократна активност, туку заедничка обврска која бара координација, одговорност и континуирана посветеност. Само со заеднички напори можеме да создадеме поздрава и побезбедна средина за нашите сограѓани“.