Струмица

Две лица од Струмица лишени од слобода, на мобилен телефон имале поставено бела прашкаста материја спремна за употреба

Денеска во раните утрински часови односно во 03:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.Ѓ.(37) и А.Б.(24), двајцата од Струмица.

На паркинг простор во близина на угостителски објект во Струмица полициски службеници забележале како лицата кои седеле во возило „пасат“ со струмички регистарски ознаки, на мобилен телефон имале поставено бела прашкаста материја спремна за употреба, но во момент кога полициските службеници презеле службени дејствија кон нив А.Б. го фрлил мобилниот телефон.

При преглед на возилото во кое седеле лицата, исто така е пронајдена бела прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот следува соодветен поднесок.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago