Македонија

СРАМЕН И ПОНИЖУВАЧКИ ОДНОС НА ОТКУПНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ТУТУН, реакција на Националната земјоделска мрежа

Претседателот на Националната земјоделска мрежа, Ѓорги Каракашев, остро реагира на состојбата со откупот на тутунот од реколтата 2025 година, оценувајќи дека кај откупните компании владее целосен хаос и срамен и понижувачки однос кон тутунарите.

„Како Национална земјоделска мрежа внимателно ја следиме состојбата со откупот на тутунот од реколтата 2025 година. За жал и покрај сите укажувања од наша и од страна на тутунарите, кај откупните компании се случува општ хаос во откупот на преостанатите количини на тутун.

Во отсуство на реакција од страна на Министерство за земјоделие како и Земјоделскиот државен инспекторат, а притоа грубо прекршувајќи ги сите законски обврски повеќето откупни компании буквално се изживуваат со макотрпниот труд на тутунарите.

ЈАВНО ПОВИКУВМЕ под итно надлежните: Министерството за земјоделие, Земјоделскиот инспекторат вклучително и Сојузот на земјоделски здруженија веднаш и безусловно да излезат на терен и да ги преземат сите законски надлежности, но и одговорности и да престане овој хаос и грубо изживување врз маката на тутунарите.

На откупните компании јасно и гласно им порачуваме дека со ваков манипулативен начин на откуп и изживување со тутунарите на добар пат се да се уништи оваа стопанска гранка која најмногу приход носи токму на нив и на државата, а најмалку на тутунарите“, вели Каракашев.

Дека нивната монополска позиција и тоа како е разнишана, како доказ Каракашев ги наведува примерите од соседна Србија каде крупнолисен тутун од тип Вирџинија се откупува по цена од над 300 мкд.

Националната земјоделска мрежа најавува дека заедно со повеќе земјоделски здруженија подготвува иницијатива со конкретни предлог-мерки, кои во наредните денови ќе бидат доставени до Министерството за земјоделие. Целта е преку ново законско решение за тутунот да се спречат идни манипулации и да се обезбеди сигурна и просперитетна иднина за тутунарите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago