Гевгелија

Кривична пријава против двајца вработени во ПШС „Кожуф“ – Гевгелија за „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“

Кривична пријава против двајца вработени во Подрачно шумско стопанство „Кожуф“ – Гевгелија за „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Л.М.(32) и Н.А.(45), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“. На 16.10.2025, првопријавениот како референт за користење на шуми и дотур во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Кожув“ Гевгелија, издал дозвола за сеча на огревно дрво без претходно да биде поднесено барање за обезбедување на дрвни сортименти, додека второпријавениот, референт за превоз во јавното претпријатие, впишал дека било поднесено барање без да изврши проверки дали воопшто било поднесено такво барање.

Исто така, првопријавениот не извршил прием на доставената дрвна маса, а пропуштил да изврши и должен надзор иако бил одговорен да изврши контрола на количината и квалитетот на посечената дрвна маса. Второпријавениот, пак, издал испратница за превоз на исечено огревно дрво бука без притоа правилно да го одреди видот на огревното дрво кое се превезува, односно во испратницата напишал дека станува збор за буково огревно дрво, додека пак во превозното средство биле превезувани дабови огревни дрва. Второпријавениот при жигосувањето на огревните дрва користел шумски жиг различен од тој што бил вметнат во испратницата, а не жигосал доволен број на дрвни сортименти. Дополнително, второпријавениот во дозволата за сеча и испратницата внел невистинит податок за лицето кое го поднело барањето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago