Радовиш

Во чест на една златна генерација, која му донесе на Радовиш европска титула, БИСТА НА БОРАЧИТЕ на Булевар „Александар Македонски“

Атрактивна скулптура боречки зафат на двајца борачи, ќе го краси влезот во Радовиш. Денеска беш откриена „Биста на борачите“ на кружниот тек на булевар „Алексан дар Македонски“, донација од Адора Инженеринг и Фондација Чифлиганец, во чест на 30 годишнината од освојувањето на Европската клубска титула на Бучим Јака, Радовиш, во присуство на голем број граѓани, функционери, спортисти и спортски работници. Донирани беа и 800 новогодишни пакетчиња за дечињата во Општина Радовиш од Адора Инженеринг и Фондација Чифлиганец.

„Со длабока почит кон минатото и со верба во иднината, денес свечено ја откривме овaa Биста на борачи, како симбол на благодарност, чест и вечен спомен на една златна генерација. Нека овaa Биста на борачи биде место на сеќавање, но и место на инспирација. Нека ги потсетува младите дека со труд, дисциплина и верба можат да се достигнат највисоките европски и светски врвови“, рече градоначалникот на Општина Радовиш Љупче Почивалец.

Почивалец порача, оваа биста да ја чува приказната за Боречкиот клуб „Бучим“ – приказна за успех, гордост и спортски дух, како траен белег на таа историска победа. Израз на почит кон сите борачи кои со својата пожртвуваност, упорност и љубов кон спортот го создадоа овој успех.

„Особена благодарност и искрено признание му упатуваме на проф. д-р Чифлиганец – човекот кој во тоа време ја препозна силата на спортот, застана зад клубот и даде немерлив придонес за овој историски успех, а денес, како донатор на овој симбол, уште еднаш потврдува дека вистинските визионери оставаат трајни вредности за идните генерации“, истакна Почивалец во деншното обраќање пред радовишани.

Искрено и од срце се обрати и најзаслужниот човек за денешниот настан и за големиот успех на БК Бучим ЈАКА, проф. д-р. Ванчо Чифлиганец , кој пред 30 години ја донесе на Радовиш и на Македонија европската клубска титула.

„Драги радовишани ми значите многу, а посебно сега, за мене многу тежок период. Мојот син, вашиот сограѓанин Душко, беше жител на Радовиш 32 години, го сакаше Радовиш, животот е таков, загубата е голема, замина неповратно и болката е голема, неизлечива, ама вие ми давате дополнителна енергија на мене и на моето семејство. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам за големите зборови искажани за мене затоа што за еден таков успех не беа потребни само двајца, тројца, стотина луѓе, туку беа потребни илјадници да се мобилизират и да поддржуват. А тоа беа љубителите на спортот, спонзорите, спортистите, спортските работници, лекарите и други од овој град Радовиш.

Пред точно 30 години, тука во Радовиш, Боречкиот клуб „Бучим“ испиша златни страници во македонскиот и европскиот спорт, освојувајќи ја европската титула и станувајќи европски првак. Тоа не беше само спортска победа – тоа беше победа родена од трудот, калена со дисциплина, водена од вербата и зацврстена со заедништвото. Победа која му донесе гордост не само на клубот, туку и на градот Радовиш и на целата држава.

На сите спортисти, спортски работници, поддржувачи на спортот, тренери, спонзори, кои биле вклучени во постигнувањето на големиот успех на БК Бучим им бе доделени Плакети за заслуга.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago