Струмица

Локалниот совет за превенција во општина Струмица ја одржа првата работна конференција во новиот состав

Локалниот совет за превенција во општина Струмица ја одржа првата работна конференција во новиот состав, а ја водеше градоначалникот Петар Јанков.

На конференцијата присуствуваа поголем број претставници од сите релевантни општински и државни институции, претседателот и членови на Советот и претставници на граѓански здруженија кои расправаа по единствената и главна тема на конференцијата – квалитетот на амбиентниот воздух и мерките и активностите кои се преземени и коишто ќе се преземаат во иднина за да се спречи аерозагадувањето во Струмичката котлина.

Оваа актуелна и сериозна тема за Струмица и струмичани, а иницирана од градоначалникот Петар Јанков, предизвика голем интерес кај учесниците на конференција со бројни дискусии, констатации, забелешки и предлози како да се спречи аерозгадувањето и да се обезбеди здрава животна средина за граѓаните.

-„Заеднички заклучок е дека во југоисточниот дел на градот има најголемо загадување и во периодот којшто доаѓа треба да се преземат одредени мерки. Тоа загадување не е ново и во последните години се зголемува и треба да најдеме долгорочно и системско решение. Беа наведени и дел од мерките коишто ќе ги преземеме, како што е субвенционирање на клима инвертери со донации и вклучување на јавните институции во надминувањето на овие проблеми.

Инаку, нашите општински инспектори се секојдневно на терен, вршат вонредни инспекциски надзори во соработка со СВР Струмица и имаат поднесено соодветни пријави, дури и кривична пријава за одредени несовесни граѓани кои вршат загадување и овие надзори на инспекторите ќе продолжат и во следниот период, бидејќи нашата цел е граѓаните да бидат запознати со нашето работење, затоа што ако сакаме да имаме добра и развиена општина, мора да имаме транспарентна општина“, рече градоначалникот Јанков.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago