Струмица

Томчо Стојчев е нов директор на ЈПЕД Струмица Гас

Градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков назначи нов директор на Струмица Гас, Томчо Стојчев, за која како што вели е високообразуван и реномиран стручњак, дипломиран машински инженер и магистар по технички науки, кој зад себе има богато и разновидно професионално искуство.

“Неговата кариера се одликува со долгогодишна и успешна работа во приватниот сектор, каде што стекнал длабински практични знаења, управувачки вештини и резултатска ориентација, неопходни за водење на сложени технички и инфраструктурни системи.

Покрај тоа, како инспектор за безбедност и здравје при работа во Државниот инспекторат за труд, Стојчев покажал исклучителна посветеност на почитување на законските прописи, заштита на работниците и унапредување на стандардите за безбедност, со што се истакнал како професионалец со висок интегритет, одговорност и чувство за јавен интерес“, вели Јанков.

Нови директори добија речиси сите јавни и образовни институции во Струмица по преземањето на функцијата градоначалник од страна на Петар Јанков, кој после долги години владеење на СДСМ, доаѓа од редовите на ВМРО -ДПМНЕ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago