Радовиш

ЗДРАВКО ТРАЈАНОВ: Апсолутна клевета, ЈП „Национални шуми“ нема никаква поврзаност со тендери за набавка на огревно дрво во училиштата во Радовиш

Генералниот директор на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов по објавените информации на веб сајтот, TV Kanal VIS – Strumica, ги отфрла сите обвинувања за било каква поврзаност со снабдување со огревно дрво на училишта во Радовиш.

„Апсолутна клевета, ЈП „Национални шуми“ нема никаква поврзаност со тендери за набавка на огревно дрво во училиштата во Радовиш, ниту споменатата приватна фирма врши достава на огревно дрво во училиштата. Тендерот го има добиено сосема друга фирма и пласираните информации се неточни“, вели Трајанов во својот демант за ТВ Кобра.

Инаку Трајанов беше спомнат за наводна поврзаност со корупциски скандал околу тендерите за огревно дрво за училиштата во Радовиш.

„Во Радовиш се отвора нов корупциски скандал кој ги потресува и Национални Шуми и локалните образовни институции. Фирмата „Ивели“, сопственост на сопругот на директорката на Правниот сектор во Национални Шуми – директорка која, според достапните информации, е и братучедка на генералниот директор Здравко Трајанов, ги добивала тендерите за огревно дрво за училиштата во Радовиш“ стои во објавата на TV Kanal Vis.

Инаку како што дознаваме тендерот за набавка на огревни дрва во училишта во Радовиш го има добиено фирмата „ ДРВАРА СТРАШКО“, ПДОО, Радовиш.

Јавната набавка ја има спроведено Општина Радовиш, со поддоговори на училиштата „Орце Николов“, Ињево и „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш подрачно училиште во Коџалија, со фирмата добавувач. Огревното дрво е доставено во училиштата на почетокот од месец ноември и на денот на доставата, неофицијално дознаваме дека немало никакви забелешки околу квалитетот на дрвата.

Во понатамошна постапка, останува на надлежните институции да утврдат дали имало неправилности во реализацијата на набавката.

Во прилог договорот на Општина Радовиш, за Јавна набавка на дрва или пелети, кој е јавно достапен.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago