Македонија

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ

Деновиве актуелна е одлуката на Уставниот суд, со судијката известител Добрила Кацарска, да поведе постапка за оценување на уставноста на линеарното зголемување на пензиите.

„Иако лично мене повеќе ми одговара процентуалното зголемување, сепак, имајќи го предвид поширокиот интерес на најголемиот дел од 330.000 пензионери на кои им е поповолно линеарното зголемување – јас се залагам за линеарниот модел. Моето уверување е дека личниот интерес треба да биде ставен на последно место, а општиот интерес на граѓаните секогаш да биде водилка“ вели претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, во објава на својот ФБ Профил.

„Дотолку повеќе, линеарното зголемување е правилно и човечки од следните причини:

Процентуалното зголемување ги привилегира пензионерите со највисоки пензии. Ако зголемувањето е 6%, пензија од 60.000 денари се зголемува за 3.600 денари, а пензија од 15.000 за само 900 денари. Мала група на пензионери добива најмногу, на сметка на најголемиот број од 330.000 пензионери.

Линеарното зголемување обезбедува еднаквост. При еднакво зголемување, на пример 3.000 денари – сите пензионери добиваат исто.

Важно, при самото пензионирање веќе е вреднуван целиот работен стаж, висината на уплатените придонеси и минатиот труд, со што, некој заминува во пензија со 60.000 денари, а некој со 15.000 денари. Овие разлики во пензиите не се спорни.

Меѓутоа, откако лицето станува пензионер, тогаш сите се еднакви без разлика дали некој бил функционер, професор, судија, службеник, работник, земјоделец…Сите се во ист статус на пензионер, во мирување, работно неактивни и со еднаква социјална положба.

И најбитно, 35 години зголемувањето на пензиите се врши со буџетски пари. Буџетот го полнат сите, владата носи одлука да префрли пари од буџетот за покачување на пензиите, и замислете, од буџетски пари некој треба да добие зголемување од 3.600 денари а некој само 900 денари. Ова е вон секаква правна и човечка логика!

Според тоа, зголемувањето на пензиите е социјална, а не економска категорија и треба да биде еднакво за сите. Во ова тешко време најголемиот дел од 330.000 пензионери едвај преживуваат. Пензионерите кои ја граделе оваа држава заслужуваат почит и достоинствена старост, а не борба за опстанок“, вели Бачев во својата објава на социјалните мрежи.

Извор: https://www.facebook.com/JankoBachev66

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago