Струмица

Општина Струмица: Во населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци, водата за пиење е во исправна состојба

Општина Струмица ги известува граѓаните од населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци, дека водата за пиење е во исправна состојба.

Ова известување е врз основа на доставените анализи на вода изготвени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица.Во овие населени места се земени мостри од водоводната мрежа од следните мерните места: во селото Рич од чешмата во центарот, во Раборци од чешмата во центарот, во Белотино од чешмата во црквата, во Попчево од чешмата во училиштето и во Костурино од чешма во куќа до патот на селото.

Врз основа на микробиолошкиот и физичко – хемиски лабораториски наод, согласно Правилникот за безбедност на водата, испитаните примероци на вода одговараат на законските и стручни прописи.

Во водата нема присуство на микроорганизми, физички и хемиски супстанци штетни по здравјето на човекот, соопштуваат од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago