Радовиш

Радовишани и гостите кои го посетија Радовиш, три дена уживаа во САМУН ЕМ ТАТЛИЈА

Заврши 11-тата по ред манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш. Три сончеви денови измамија илјадници граѓани да излезат и да уживаат во добрата храна и добрата музика. Задиволни и гостите и угостителите.  

Манифестацијата беше отворена во петокот вечерта од страна на  градоначалникот  на Општина Радовиш Љупче Почивалец, кој на сите присутни гости им посака добредојде, добра забава и добра храна со радовишките специјалитети самун и татлија.

И годинава беше направен најголемиот самун во должина од 6 метри и 80 сантиметри, изработен во фурната на пекара “Лукас Трејд“. За овој „Мега Самун“беа потребни 40 килограми месо кои беа обезбедени од Месната индустрија „Јово Компани“ Ињево. Традиционално првото парче го пресече градоначалникот на општината, Почивлаец.

Илјадници сомуни и стотици колограми татлија беа изедени на оваа манифестација. Сомунот се продаваше по 250 денари а талијата по 900 денари за килограм.

Кулминација настанот доживеа во сабота вечерта, со спектакуларниот настап на балканската музичка ѕвездаТања Савиќ, која имаше прекрасен настап пред илјадниците присутни гости и граѓани, како и во петокот вечертва со Бресквица, која младите посебно ја обожаваат. Синоќа беше одржан концерт на Зица Лазова и Наум Петрески. Свој настап имаа и останати музичари и музички групи како ТРОЈА од Радовиш 2БОНА Адријана Петрушовска и други вокали од Македонија.

Посебно внимание предизвика детксата програма СВЕТОТ НА БИБИ како и настапот на радовишанката Оле или Олгица Поцкова со свој стендап кој ги насмеја радовишани.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago