Македонија

Трипуновски до Љупчо Николовски

Трипуновски го обвини Николовски за манипулации, криминал и ширење страв кај земјоделците, му порача дека политичката кариера му е завршена, дека Владата работи транспарентно и дека секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

,,Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците.Неговата политичка кариера е завршена, па вака со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели. Со лаги и дезинформации не се владее.И намести да глуми загрижен, добро би било да повика ОЈО да започне да го истражува неговото незаконско работење како поранешен министер.Повторувам, нема простор за загриженост Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата.Претходно СДС во опозиција кодошеа и ја кочеа Македонија надвор, но тоа сега не им успева.Владата останува посветена на транспарентно и отчетно работење, спроведување на реформите, подобрување на условите за живот на граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.На крај би му препорачал, Љупчо ти текнува кога беше антикорупционер и врвно достигнување ти беше броењето на испиени чаши со вода на министрите, додека тоневте во криминал цела влада? Епа сега за разлика од претходно, се апси, нема повеќе наш и ваш. Принципот по кој владееше ти и владата на СДС, како до сега ЗАВРШИ. Навикни се, сега има закон, правила и прописи кои мора да се почитуваат. Секој што се огрешил пред законот и направил злоупотреба на службената позиција мора и ќе одговара”.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago